Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Турски опозициски партии се жалат на прислушкување на телефоните

29/05/2008

AНКАРА, Турција -- Најголемата опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) и Партијата на националистичка акција ја обвинија владата и владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) за прислушкување. Водачот на ЦХП, Дениз Бајкал, на прес-конференцијата во средата (28-ми мај) рече дека прислушкувањето од страна на државните организации ја поткопува демократијата и правата на граѓаните. Тој свика прес-конференција откако весник наклонет на владата во понеделникот објави усен разговор помеѓу заменик-претседателот на ЦХП Ондер Сав и еден гувернер. Министерот за внатрешни работи, Бесир Аталај, и обвинителите велат дека ќе отпочнат истрага.

Во другите вести од средата, Амнести интернешнал го објави својот извештај од 2008 година и изрази загриженост во врска со судската непристрасност и зголемувањето на насилството. Оваа комисија за следење на човековите права, исто така, изрази загриженост во врска со нападот на Турција врз припадници на терористичката Курдистанска работничка партија. Властите велат дека доцна во вторникот се убиени уште двајца од нив во судирите со војниците во покраината Ван во источна Турција. (Хуријет - 29/05/08; Aгенција Анадолу, НТВ, Заман, Тркиш дејли њус - 28/05/08)

Најнови вести

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's