Атинската полиција употреби солзавец за растерување на демонстрантите

16/05/2008

AТИНА, Грција -- Полицијата во четвртокот (15-ти мај) употреби солзавец за да ја растера групата штрајкувачи, додека се обидуваа да влезат во седиштето на Националната банка на Грција. Тоа се случи за време на митингот во центарот на Атина, дел од националниот протест против владините планови за приватизација и пензиски реформи. Илјадници луѓе маршираа низ главниот град. Властите не пријавија евентуални повредени или уапсени. Протестот ја парализираше земјата, попречувајќи го транспорот, банките и јавните служби.

Во другите вести, грчките власти во петокот го екстрадираа најбараниот австралиски бегалец, Тони Мокбел. „Дебелиот Тони“, како што го нарекуваат, доби затворска казна за трговија со дрога во Австралија во 2006 година, но избега во Грција. (Ројтерс - 16/05/08; ДПА, АП - 15/05/08)