16/05/2008
ХАГ, Холандија -- Властите во четвртокот (15-ти мај) го префрлија осудениот за воени злосторства, Харадин Балај, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), во затвор во Франција, за да го одлежи остатокот од својата казна. Франција е една од 15-те европски земји кои потпишаа договори со Трибуналот за сместување на осудениците. Балај ја доби казната од 13 години во ноември 2005 година, за тортура, злоупотреба и убиство на Срби и албански цивили во затворот на ОВК во Лапушник, помеѓу мај и јуни 1998 година. Тој беше чувар таму во тоа време. (Taнјуг, Б92, АКИ, веб-страница на ОН - 15/05/08)