Италијанската полиција уапси нелегални имигранти за време на посетата на Давид

16/05/2008

РИМ, Италија -- Полицијата во четвртокот (15-ти мај) го објави апсењето на стотици нелегални имигранти во текот еднонеделната акција, како дел од новиот план на премиерот Силвио Берлускони за решавање на проблемот. Полицијата уапси 383 лица, претежно Романци и Северноафриканци. Тие се соочуваат со различни обвиненија, вклучително и нелегален влез, проституција, трговија со дрога и кражба. Исто така во четвртокот, властите во Рим спроведоа рација во цигански камп и уапсија десетици Романци и Бошњаци без соодветни имиграциски документи. Италијанците бараат преземање дејства против нелегалните имигранти, особено Романците, поради растечкиот криминал. Романскиот министер за внатрешни работи, Кристијан Давид, во четвртокот го посети Рим и разговараше за имиграциските прашања. (AНСА, ББС, Еуроњус, АП, Ројтерс, ДПA - 15/05/08)