Фуере ја повика Македонија да го подобри својот имиџ за време на предизборната кампања

16/05/2008

СКОПЈЕ, Македонија -- Ако земјата не го подобри својот имиџ за време на тековната предизборна кампања и на денот на изборите, Македонија може да очекува негативна оценка и недобивање датум за отпочнување на преговорите за пристап во ЕУ оваа година, изјави амбасадорот на ЕУ во Скопје, Ерван Фуере, во четвртокот (15-ти мај) на телевизискиот канал Алсат-М. „Несомнено ќе има негативно влијание. Тоа е трагично, со оглед на тоа што пред два месеци, комесарот на ЕУ [за проширување Оли Рен] дојде овде и рече дека оваа година може да биде историска за Македонија и нејзините граѓани во поглед на нивните аспирации за ЕУ“, рече Фуере. Тој ги повика властите, особено во Министерството за внатрешни работи, да ги пронајдат одговорните за инцидентите што го нарушија официјалното отпочнување на кампањата минатиот викенд, вклучително и обидот за атентат. (Вечер - 16/05/08; Maкфакс, А1, Алсат-М - 15/05/08)