Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Aлбанија ќе соработува со Хаг во врска со истрагата за шверц со органи

16/05/2008

ТИРАНА, Албанија -- Владата ќе работи со Трибуналот во Хаг за воени злосторства на испитување на тврдењата дека косовските Албанци биле соучесници во шверцот со органи на затворениците во текот на 1990-тите. Според изјавата од четвртокот (15-ти мај): „Албанските обвинители се подготвени да соработуваат со (Трибуналот) и да им помогнат на неговите судии, кои може да дојдат во Албанија, за да соберат дополнителни информации што би можеле да водат до понатамошни истраги.“ Поранешната главна обвинителка на ОН, Карла дел Понте, во нејзината книга вели дека косовските Албанци киднапирале околу 300 српски воени затвореници и ги пренесле од Косово до Албанија. Според неа, киднаперите им ги отстраниле органите за продажба во странство пред да ги убијат.

Во другите вести од четвртокот, полицијата уапси шест лица, вклучително и еден полицаец, осомничени за трговија со луѓе. Косовската полициска служба ги затвори во Приштина и југоисточно Косово, одземајќи им ги лажните пасоши, личните карти, официјалните печати и возачките дозволи. (Коха Диторе, Експрес, Зери - 16/05/08; AФП, БГНЕС, РТК, Телеграф - 15/05/08)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's