Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

ДП бара повторно отворање на старите случаи поврзани со корупција

16/05/2008

TИРАНА, Албанијa -- Заменик-претседателот на владејачката Демократска партија (ДП), Еди Палока, во четвртокот (15-ти мај) побара од парламентот да му дозволи на генералниот обвинител повторно да ги отвори сите случаи на корупција поврзани со државните претставници. „Имунитетот треба да биде укинат како мерка против корупцијата, но ние исто така повикуваме на отворање на сите досиеја за корупција во обвинителството“, рече Палока.

Опозициската Социјалистичка партија (СП), пак, ја бојкотираше седницата на која мнозинството разговараше за два нацрт-закони поврзани со економијата. Социјалистите велат дека ќе го продолжат својот бојкот додека премиерот Сали Бериша не му поднесе извештај на парламентот за смртоносните експлозии на муниција во Гердец на 15-ти март, за корупцијата и имотите на државните функционери.

Во другите вести, почнувајќи од 1-ви јули, владата планира да ги зголеми платите над нивоата на инфлација. „Двојно ќе ги зголемиме платите во текот на следните четири години. На 1-ви јули ќе ги зголемиме платите за многу повеќе од стапката на инфлација во обид да им понудиме поддршка на корисниците“, рече министерот за финансии, Ридван Боде, во четвртокот. (Коха Јонe - 16/05/08; ToпЧенал, Алсат - 15/05/08)

Најнови вести

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's