Бугарија го олесни визниот режим за одредени групи Македонци, Срби и Црногорци

16/05/2008

СОФИЈА, Бугарија -- Владата во четвртокот (15-ти мај) го одобри предлогот за олеснување на визните рестрикции за одредени групи граѓани од Македонија, Србија и Црна Гора. Овој потег произлезе од договорот помеѓу ЕУ и земјите во Западен Балкан, кој стапи на сила во јануари. Олеснетиот визен режим важи за децата под шест години, студентите и професорите, оние што патуваат за образовни цели, бизнисмените, новинарите, пензионерите, членовите на верските организации и невладините организации, некои возачи и членови на официјалните владини делегации. (Утрински весник - 16/05/08; MИА, Макфакс, БГНЕС, А1 - 15/05/08)