СРС, ДСС-НС и СПС постигнаа принципиелна согласност за формирање нова влада

16/05/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Српската радикална партија (СРС), Демократската партија-Нова Србија (ДСС-НС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС) постигнаа принципиелен договор за формирање влада на нивниот состанок во четвртокот (15-ти мај). ДСС вели дека трите партии се согласиле да продолжат со разговорите за влада, која ќе го заштитат суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија, обезбедувајќи силен економски развој, остварување социјална правда, продолжување на процесот на интеграција во ЕУ на Србија со Косово и борба против криминалот и корупцијата. Ниту една партија не освои доволно гласови за формирање мнозинска влада на изборите во неделата. (Политика, Вечерње новости, Танјуг, Бета - 16/05/08)