16/05/2008
ПРИШТИНА, Косовo -- Премиерот Хашим Тачи во четвртокот (15-ти мај) им кажа на своите министри дека владата ја дели еден месец до целосното управување со Косово, вклучително и српскиот север. „Се доближуваме до 15-ти јуни, кога уставот на Република Косово ќе почне да важи, и природно дека ќе продолжиме со нормалното и ефикасно функционирање на институциите на државата Косово низ целата нејзина територија“, рече Тачи. По 15-ти јуни УНМИК планира да ги предаде своите надлежности на локалните институции. Некои надлежности во судскиот и полицискиот сектор ќе бидат пренесени на ЕУЛЕКС, мисијата на ЕУ во Косово.
Во меѓувреме, командантот на здужените сили на НАТО, адмирал Марк Фиџералд, го посети северниот град Митровица во четвртокот. По 15-ти јуни „КФОР ќе започне со намалување на бројот на своите војници, откако ќе заврши пренесувањето на надлежностите и ќе бидат воспоставени другите безбедносни структури“, рече тој, додавајќи дека мандатот на КФОР нема да се промени како што произлегува од Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.
Исто така во четвртокот, вицепремиерот Хајредин Куќи го опиша како „нерационално“ барањето на Москва во кое се повикуваат сите земји што го признаа Косово да ја приспитаат својата одлука. „Признавањето на Косово се движи во вистинската насока, и Приштина чека признавање и од руската влада“, рече Куќи. (Коха Диторе, Експрес, Зери - 16/05/08; РТК, КТВ, Телеграфи, Косовалајв - 15/05/08)