Кипар забрани приватни бродови за Либан

15/05/2008

НИКОЗИЈА, Кипар -- Владата во средата (14-ти мај) објави забрана од безбедносни причини за приватни бродови кои превезуваат луѓе од и кон Либан. Кипарските пристанишни власти објаснија дека според меѓународните договори, транспорот на луѓе по воден пат мора да биде со патнични бродови, а не јахти, кои немаат документација. Единствен исклучок би било превезувањето лекари од организацијата Светски лекари, за Либан. Потегот уследи по извештаите во локалните медиуми дека сопствениците на бродови наплаќале големи суми пари за превезување луѓе надвор и во Либан, каде што немирите и насилството што се случија во изминатата недела ги погодина меѓународните врски. (Филелефтерос, Ројтерс, Мидл ист онлајн - 14/05/08)