ЦХП поднесе уште една иницијатива за гласање недоверба на владата

15/05/2008

AНКАРА, Турција -- Најголемата опозициска Народна републиканска партија (СХП) поднесе уште една иницијатива за гласање недоверба на владата во средата (14-ти мај). Истата уследи само еден ден откако парламентот ја отфрли иницијативата во која владата се товараше дека ја охрабрила полицијата да ги нападне демонстрантите на митингот по повод Први мај во Истанбул. Овојпат во иницијативата се наведува дека премиерот Реџеп Тајип Ердоган ја злоупотребил функцијата интервенирајќи „пред и по тендерот за продажба на телевизискиот канал АТВ и весникот Сабах, со што беа обезбедени предности за еден од купувачите [групата Челик]“.

Во другите вести, во експлозија загинаа две, а беа повредени пет лица рано во четвртокот, околу 40 километри североисточно од покраината Анкара. Експлозијата се случи во фабрика за млеко и млечни производи во индустриски комплекс во Чубук. Инспекторите велат дека можно е да се работи за котел. (Сабах, НТВ, АП, НТВ, новинска агенција Анадолу, Хуријет, Заман - 15/05/08; Хуријет, НТВ - 14/05/08