Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Бабаџан вели дека нема забавување во реформските напори за ЕУ

13/05/2008

ХЕЛСИНКИ, Финска -- Турскиот министер за надворешни работи, Али Бабаџан, во понеделникот (12-ти мај) изјави дека нема забавување на турските реформи за пристапување во ЕУ. Во изјавата за новинарите во Хелсинки, Бабаџан предупреди дека сé додека ЕУ не дава точен датум за евентуалното членство на Турција во ЕУ, реформската иницијатива во голема мера ќе зависи од Анкара. „Ние сме сопственик на реформите. Ние веруваме дека што побрзо ги спроведеме реформите, истите ќе бидат покорисни за Турција. Сепак, временските рамки и датумите треба ние да ги одредиме“, рече Бабаџан. За време на неговиот престој во Хелсинки, тој се состана со финскиот претседател Тарја Халонен и претседателот на парламентот, Саули Ниинисто, како и со колегата, Александар Стаб, кој ја опиша Турција како стратешки партнер и ја потврди поддршката на Финска за кандидатурата на Анкара за ЕУ. (Сабах, Заман - 13/05/08; новинска агенција Анадолу, ДПA - 12/05/08)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's