12/05/2008
ТИРАНА, Албанија -- Претседателот на Социјалистичкото движење за интеграција (СМИ), Илир Мета, во саботата (10-ти мај) се обрати пред насобраниот народ во Тирана кој протестираше против уставните измени поддржани од двете водечки партии во земјата. Мета потврди дека никој нема да спречи да се одржи референдум против овие измени на база на петиција. „Ќе видиме како ова ќе заврши. Ние ќе го заштитиме уставот“, рече Мета. Собирот во саботата го одбележа почетокот на иницијативата за петиција на СМИ, чија цел е одржување референдум против неодамнешните измени одобрени во парламентот од страна на владејачката коалиција и опозициската Социјалистичка партија. Мета рече дека неговата партија ќе ги искористи сите правни процедури да го спречи премиерот Сали Бериша да го блокира референдумот. (Коха Јоне, Сот, Кориери - 12/05/08; Балканвеб, Газета Шкиптаре - 11/05/08)
05/09/2008
05/09/2008