Официјално започна предизборната кампања во Македонија

12/05/2008

СКОПЈЕ, Македонија -- Во неделата (11-ти мај) официјално започна предизборната кампања, 20 дена пред предвремените парламентарни избори на 1-ви јуни. Кампањата започна со митинзи на најголемите политички ривали -- владејачката ВМРО-ДПНМЕ и нејзината 19-партиска коалиција „За подобра Македонија“ и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), заедно со неговите седум партнери од „Сонце -- Коалиција за Европа“. ВМРО-ДПМНЕ го одржа својот прв митинг во Охрид, додека поддржувачите на СДСМ се собраа во Штип, источна Македонија. Последните анкети на јавното мислење на агенцијата „Рејтинг“ покажуваат дека коалицијата „За подобра Македонија“ води со 37 отсто од гласовите, по што следи коалиција „Сонце“ со 18 отсто од гласовите. Демократската унија за интеграција е трета со 11 отсто, а Демократската партија на Албанците има 6 отсто поддршка. (Maкфакс, Дневник - 11/05/08)