Босанските воени затвореници одржаа мирен протест, барајќи повеќе права

11/05/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Околу 2.000 поранешни воени затвореници од војната во БиХ во периодот 1992-1995 година се собраа пред владата во петокот (9-ти мај), барајќи „минимални права и бенефиции“. Тие рекоа дека цивилните и воените затвореници кои беа затворени во затворите за време на конфликтот треба да добијат делумен инвалидски статус -- 60 отсто, односно 20 отсто -- вклучително и бенефиции и месечна инвалиднина. (ДПА, Независне новине - 09/05/08)