08/05/2008
TИРАНА, Албанија -- Корупцијата во Албанија била 13 отсто повисока минатата година во споредба со 2006, според истражувањето финансирано од УСАИД, што го спроведе Истражувачкиот институт и беше објавено во средата (7-ми мај). Околу 60 отсто од испитаниците рекле дека не му веруваат на судството во земјата како врвна институција која треба да се бори со корупцијата. Учесниците во анкетата, исто така, ја критикувале владата, политичките партии и синдикатите. Американскиот амбасадор Џон Витерс рече дека се потребни измени во законот за имунитет, кои ќе овозможат истраги за секој функционер. (Шекули, Коха Јоне - 08/05/08; Клан, Алсат - 07/05/08)