Aлбанија ќе испрати мировници во Чад

08/05/2008

TИРАНА, Албанијa -- Владата одлучи да испрати мировни сили во Чад, централна Африка, како поддршка на иницијативата на ЕУ таму. Албански војници веќе служат во меѓународните мисии во Босна и Херцеговина, Ирак и Авганистан. „Сметам дека ова е добра одлука, бидејќи е многу важен момент за нашата земја“, рече албанскиот премиер Сали Бериша по владиниот состанок во средата (7-ми мај). Албанија доби покана за влез во НАТО на самитот во Букурешт на почетокот од април. (Коха Јоне - 08/05/08; Балканвеб, Ксинхуа - 07/05/08)