Белград доби „карта со насоки“ за либерализација на визниот режим на ЕУ

08/05/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Заменик-претседателот на Европската комисија (ЕК) задолжен за транспортната политика, Жак Баро, во средата (7-ми мај) беше во Белград, каде што му даде на претседателот Борис Тадиќ „карта со насоки“ за либерализација на визниот режим со Србија. Баро рече дека документите обезбедуваат „јасен и силен“ доказ за поддршката за ЕУ за Србија и нејзините европски перспективи. Тој додаде дека спроведувањето на некои мерки ќе започне во текот на следните неколку недели, со издавање нови пасоши со биометрички отпечатоци. Тадиќ му се заблагодари на Баро и рече дека картата со насоки е многу важна за јавноста и служи како важен знак дека Србија е добредојдена во ЕУ. (РТС, Блиц - 08/05/08)