08/05/2008
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Високиот претставник Мирослав Лајчак во средата (7-ми мај) ги повика земјите-членки на ЕУ да го потпишат Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) со БиХ што е можно поскоро. На прес-конференцијата во Сараево, Лајчак рече дека одложувањето на потпишувањето од почетокот на април до крајот на мај за да се овозможи да се преведат документите -- додека истовремено беше потпишан ДСА со Србија -- ја налути јавноста. Белград, истакна тој, не ги исполни сите барања на ЕУ, од кои главна беше соработката во врска со воените злосторства. Минатата недела медиумите објавија дека и 26-ти мај како датум за потпишувањето е, исто така, под знак прашање. (Дневни аваз, РТРС, СРНА - 07/05/08)