Србија протестира поради литванското признавање на Косово

08/05/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Министерството за надворешни работи испрати протестна нота до Литванија во средата (7-ми мај), за признавање на независноста на Косово. Во протестната нота се потврдува противењето на Србија на еднострано прогласената независност на нејзината поранешна покраина и се предупредува за можните безбедносни последици.

Исто така во средата, српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, рече дека едностраната декларација на Косово не решава ниту еден проблем. Во обраќањето пред Министерскиот комитет на Советот на Европа во Стразбур, Јеремиќ рече дека косовската независност резултирала со поделеност не само во регионот, туку и во Европа. Истата не ја подобри соработката, ниту, пак, придонесе за помирувањето или стабилноста, додаде тој. (Taнјуг, Балканинсајт, Бета - 07/05/08)