Косовските Срби планираат да формираат свој парламент

08/05/2008

ПРИШТИНА, Косовo -- Србите во Косово планираат да формираат свој парламент по изборите в недела (11-ти мај) во Србија, рече во средата Марко Јакшиќ, водач на Српскиот национален совет на Северно Косово. На Србите им треба сопствена репрезентативна власт за да ги заштити нивните законски права, додаде тој, особено во врска со плановите на српското Министерство за Косово за функционална поделба на Србите и Албанците во Косово. „Ова е единствениот начин Србите да останат во Косово“, додаде Јакшиќ.

Исто така во средата, албанскиот премиер Сали Бериша за радио ББС изјави дека секоја поделба на Косово е опасна идеја и ја повика меѓународната заедница и ОН да ја исполнат својата мисија во северна Митровица, во која живее српско население. Меѓународната заедница треба да й постави јасни услови на Србија, и треба да престане да й дозволува на владата во Белград да манипулира со Србите во северно Косово, додаде Бериша. (Данас, Балканвеб - 08/05/08)