Коштуница го посети Косово

08/05/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Српскиот премиер Воислав Коштуница во средата (7-ми мај) беше во прва посета на Косово откако поранешната покраина прогласи независност на 17-ти февруари. Коштуница допатува во северозападниот град Зубин Поток, каде што отвори спортска сала и одржа митинг пред српските избори в недела. „Да се сочува Србија во Косово значи да се каже вистината -- дека тоа й припаѓа на Србија и на српскиот народ“, рече Коштуница пред околу 1.000 поддржувачи. Приштинските водачи ја осудија ваквата кампања на косовска територија. Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу во средата рече дека кандидатите „се персона нон грата“ и го повика УНМИК да одговори на овие обиди за разгорување на тензиите. (Коха Диторе, Косова лајв, Телеграфи - 08/05/08; РТК, Алсат, АФП - 07/05/08)