01/05/2008
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Грција во средата (30-ти април) й ги предаде на Хрватска етничките Срби Ернест Раѓен и Душан Масловар, кои Загреб ги бараше за воени злосторства врз цивили за време на конфликтот во периодот 1992-1995 година. Раѓен ќе се соочи со судење во Загреб за вмешаност во масакрот на околу 50 цивили во таа област во 1991 година. Масловар е под истрага на судот во Сисак. Хрватска побара екстрадиција на двајцата осомничени во 2006 година. (AФП, ХРТ, РТРС, СРНА - 01/05/08; Вечерњи лист, Бета - 30/04/08)