Топи ги отфрли амандманите за регулативата за недвижен имот

01/05/2008

ТИРАНА, Албанија -- Претседателот Бамир Топи во средата (30-ти април) го испрати контроверзниот предлог-закон назад во парламентот, на преиспитување. Мерката, која предвидува измени во регулативата за недвижен имот има за цел спречување на сеприсутното нелегално градење. Опозициските пратеници, како и членови на Републиканската партија, која е дел од владеачката коалиција, ги критикуваа амандманите. Главниот приговор произлегува од планираното пренесување на надлежностите од локалната власт на регулаторна агенција и усвојувањето на амандманите, макар што гласаа помалку од половина од сите членови на парламентот. Ова е за првпат Топи да врати еден предлог-закон одобрен од мнозинството што го избра него. (ВОА, ББС, Тема, Балканвеб - 30/04/08)