Турската владејачка партија АКП поднесе прелиминарна одбрана во случајот за затворање

01/05/2008

AНКАРА, Турција -- Владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) во средата (30-ти април) ја поднесе својата прелиминарна одбрана во случајот на затворање покренат против неа од страна на државниот обвинител Абдурахман Јалцинкаја. Тој рече дека АКП сега „е средиште на антисекуларните активности“ и сака 72 висок функционер да добијат забрана за учество во политиката во текот на следните пет години. Помеѓу нив се премиерот Реџеп Тајип Ердоган и претседателот Абдула Ѓул. (Mилијет, Сабах, Радикал - 01/05/08; НТВ, Хуријет, Ројтерс - 30/04/08)