Генералниот секретар на ОН вели дека ситуацијата во Косово се подобрува

01/05/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, вели дека ситуацијата во Косово се подобрува и дека ќе продолжи да се подобрува кога новиот устав ќе влезе во сила на 15-ти јуни. „Задоволен сум што досега немаше етнички судири во Косово и ги повикувам сите страни да се воздржат од унилатерални чекори што би можеле да испровоцираат насилство“, рече Бан во средата (30-ти април). Тој додаде дека оваа година ОН ќе ја следат ситуацијата на терен, во поранешната српска покраина.

Во меѓувреме, портпаролот на НАТО Џејмс Апатураи во средата во Брисел рече дека Алијансата започнала да ги преиспитува своите мировни операции во Косово „за да го приспособи развојот на ситуацијата на терен“ од прогласувањето независност на 17-ти февруари. Апатураи објави дека НАТО планира да подготви нацрт-план за операциите, кој ќе ги земе предвид „новите задачи“, но не објасна понатаму. Сепак, тој истакна дека сите активности на НАТО ќе бидат во согласност со мандатот на ОН. (РТВ 21, Косовалајв, Топ ченал, Бета - 30/04/08)