Помошниците на Харадинај се изјаснија за невини по обвиненијата за заплашување на сведоците за воените злосторства

30/04/2008

ХАГ, Холандија -- Поранешниот министер за култура, Астрит Харација, и неговиот соработник и поранешен главен уредник на весникот Бота Сот, Бајруш Морина, се изјаснија за невини по обвиненијата за непочитување на судот во нивното прво појавување пред Трибуналот на ОН во Хаг за воени злосторства во вторникот (29-ти април). Двајцата наводно се обиделе да го заплашат заштитениот сведок за да се воздржи од сведочење во судскиот процес на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај. На почетокот на април Трибуналот го ослободи Харадинај од сите обвиненија.

Во другите вести од вторникот, судот за воени злосторства при Судот на БиХ осуди двајца поранешни босански Срби на по 17 години затвор. Судот пресуди дека Мирко Тодоровиќ и Милош Радиќ се виновни за убиствата на осум од 14 муслимани, кои се криеле во каменолом во Босна во мај 1992 година.

Исто така, судот го осуди Паско Љубичиќ, командантот на воената полиција на босанските Хрвати, на десет години затвор за извршување на наредбата за напад на селото Ахмичи во април 1993 година, при што беа убиени повеќе од 100 муслимански цивили. (Независне новине - 30/04/08; AП, Ројтерс, РТРС, Фена - 29/04/08)