30/04/2008
ЛУКСЕМБУРГ -- Министрите за надворешни работи на ЕУ во вторникот (29-ти април) одлучија да го потпишат Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) со Босна и Херцеговина (БиХ), прв чекор кон членството во ЕУ, на нивниот следен состанок на 26-ти мај. Набљудувачите ја очекуваа оваа одлука, со оглед на тоа што претставниците на ЕУ претходно рекоа дека ќе биде невозможно да се преведат сите неопходни документи до вторник. Високиот претставник Мирослав Лајчак рече дека ова се добри вести за БиХ, кои доаѓаат само две недели по усвојувањето на долгоочекуваните полициски реформи.
Претседавачот на претседателството на БиХ, Харис Силајџиќ, пак, ја нападна ЕУ поради обезбедувањето скратен пат за пристап на Србија. Тој рече дека е нелогично да й се дозволи на Србија да потпише ДСА во вторник без да ги исполни сите критериуми за пристап, додека БиХ, која ги исполни сите критериуми, мора да чека. (Дневни аваз, Независне новине - 30/04/08; РТРС, Фена, АФП, ДПА - 29/04/08)