Хено вели дека НАТО ќе остане во Косово до новата резолуција на ОН

30/04/2008

ПРИШТИНА, Косово -- НАТО ќе остане во Косово во согласност со резолуцијата на ОН 1244 додека Советот за безбедност на ОН не одлучи поинаку, рече генерал Реј Хено, претседател на Воениот комитет на НАТО, за време на посетата во вторникот (29-ти април). Хено рече дека бројот на војници на КФОР засега е задоволителен, но истакна дека НАТО одлучи да го зголеми својот број.

Во другите вести, претседателот Фатмир Сејдиу во Приштина се состана со Антони Смит, официјален претставник од британското Министерство за надворешни работи. Тој го увери Сејдиу дека Косово има целосна поддршка од Велика Британија за соочување со сите предизвици. „Имаме важна агенда за Косово за безбедноста, стабилноста и економскиот развој“, рече Смит. (Tелеграфи, Експрес - 30/04/08; РТК - 29/04/08)