Пратениците одбија Србија да одржи локални избори во Косово

30/04/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Пратениците во вторникот (29-ти април) усвоија изјава во која се противат на плановите на Србија за одржување локални избори во Косово. Белград има намера да одржи парламентарни и локални избори на 11-ти мај, и покрај противењата на УНМИК, кој вели дека тоа би било кршење на мандатот на ОН во Косово. Пратениците на опозицијата таму ја критикуваа изјавата од вторникот на парламентот како премногу мека и ја повикаа владата да ги блокира изборите. (Eкспрес, Коха Диторе, Телеграфи - 30/04/08)