30/04/2008
ТИРАНА, Албанија -- Малите левичарски партии во парламентот во вторникот (29-ти април) започнаа да собираат потписи за национален референдум за уставните измени, одобрени од парламентот минатата недела. Двете најголеми политички партии, владејачката Демократска партија (ДП) и опозициската Социјалистичка партија, ги поддржаа амандманите, од кои повеќето се однесуваат на изборните реформи. Водачот на Социјалистичката партија за интеграција (СМИ), Илир Мета, ги повика пратениците од целиот политички спектар да се приклучат на иницијативата за референдум како „обврска на електоратот“. СМИ, исто така, планира демонстрации на 10-ти мај против владата предводена од ДП. (Панорама, Коха Јоне, Шекули, Шкип - 30/04/08; Балканвеб, Топченал - 29/04/08)