Регионален состанок на министрите за правда и внатрешни работи во Софија

30/04/2008

СОФИЈА, Бугарија -- Владата во средата (30-ти април) им беше домаќин на министрите за правда и внатрешни работи од земјите во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (СЕЕЦП). Настанот, на кој учествуваа официјални претставници до Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Хрватска, Црна Гора, Молдавија, Грција, Романија и Турција, го водеа бугарскиот министер за правда, Миглена Тачева, и новоназначениот министер за внатрешни работи, Михаил Миков. Србија не го потврди учеството. Словенија, актуелен претседавач на ЕУ, испрати делегација, како и Советот на Европа, Интерпол, Еуроџаст, Еуропол, Регионалниот совет за соработка и УНМИК. Разговорите се фокусираа на предизвиците со кои се соочува полицијата, како и со судската соработка, екстрадиците и налозите за апсење. (БНТ, БТА - 30/04/08)