30/04/2008
ЊУЈОРК, САД -- Грчките и македонските преговарачи во средата (30-ти април) го продолжија новиот круг разговори со цел решавање на спорот околу името на Македонија. Преговорите започнаа доцна во вторникот во Њујорк, со состанокот помеѓу претставникот на ОН во разговорите, Метју Нимиц, и македонскиот претставник Никола Димитров. Нимиц, најверојатно, ќе се состане со грчкиот претставник Адамантиос Василакис в четврток и петок, но не планира да даде нови предлози. Долготрајниот спор околу името ги уништи надежите на Македонија за добивање покана за членство во НАТО претходно овој месец. (Вечер - 30/04/08; Maкфакс, ББС, А1, МИA - 29/04/08)