Турскиот парламент ги одобри амандманите на членот 301

30/04/2008

АНКАРА, Турција -- Пратениците доцна во вторникот (29-ти април) ги одобрија амандманите на контроверзниот член од кривичниот законик, којшто беше критикуван од ЕУ и другите како ограничувачки за слободата на говорот. Амандманите на членот 301 беа усвоени со 250 наспрема 65 гласови, по осумчасовна расправа. Изразот „турска припадност“ во законот ќе биде заменет со „турска нација“ и зборот „република“ ќе биде заменет со „Државата Република Турција“. Пратениците, исто така, се согласија казната за навреда на турскиот народ, република, национално собрание или законодавство и воените власти да се намали од три на не повеќе од две години затвор. За отворање истрага за наводен прекршок ќе биде потребно одобрение од министерот за правда. (новинска агенција Анадолу, Сабах, Хуријет, ББС, АП, Ројтерс - 30/04/08)