30/04/2008
МОСКВА, Русија -- Грција и Русија во вторникот (29-ти април) потпишаа договор кој предвидува учество на Атина во проектот за гасоводот Јужен тек, во рамките на еднодневната посета на грчкиот премиер Костас Караманлис на Москва. „Сигурен сум дека прагматичниот пристап на грчките водачи ќе донесе во многу блиска иднина значителни дивиденди за Грција, Балканот и Европа“, рече рускиот претседател Владимир Путин. „Грчките опции во енергетскиот сектор ја имаат како свој ексклузивен критериум енергетската безбедност на нашата земја и на нашите европски партнери“, рече Караманлис.
По состанокот со Караманлис, Путин рече дека Москва и Атина ги делат истите ставови во врска со ситуацијата на Балканот и косовското прашање. Тој потврди дека Русија го поддржува стриктното следење на принципите и правилата на меѓународното право и почитувањето на взаемните интереси во решавањето на сите спорови преку преговори. Пред да замине, Караманлис се состана со внимателно избраниот наследник на Путин, Дмитриј Медведев, кој ќе ја преземе претседателската функција следната недела. (AФП, Танјуг, Канал 5, Ксинхуа, АНА-МПА, ИТАР-ТАСС, Ројтерс, ЕРТ - 29/04/08)