29/04/2008
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Високиот претставник Мирослав Лајчак во понеделникот (28-ми април) ја укори владејачката партија во Република Српска, Сојузот на независните социјалдемократи и главната опозициска партија во Федерацијата на БиХ, Социјалдемократската партија, поради наводната остра реторика во последните денови. Лајчак рече дека тоа е „мегафонска политика карактеристична за преизборни кампањи, а не за решенија“. Двете партии се судрија најпрво околу извештаите за скратени финансии за босанската државна телевизија и повиците за реформа на јавниот радиотелевизиски сервис ПБС. По ова тие имаа остри препукувања околу уставниот поредок на БиХ. (Дневни аваз, Независне новине - 29/04/08; веб-страница на ОХР, РТРС, Фена - 28/04/08)