29/04/2008
ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Земјата треба да ја признае независноста на Косово во мај, рече водачот на Демократската унија на Албанците (ДУА), Ферхат Диноша, во понеделникот (28-ми април). Во интервјуто за весникот од Подгорица Вијести, Диноша објасна дека „Црна Гора ништо не им должи на Албанците во Црна Гора. Земјата должи [признавање] на својата сопствена европска и евроатланска интеграција.“ (РТЦГ, Бета, Б92, Вијести - 28/04/08)