ЕК ја поддржа реконструкцијата на бугарската влада

29/04/2008

СОФИЈА, Бугарија -- Владината канцеларија за врски со медиумите во понеделникот (28-ми април) објави дека претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, изразил поддршка за реконструкцијата на владата во телефонскиот разговор со премиерот Сергеј Станишев на крајот на минатата недела. Баросо посебно го поздравил назначувањето на нов вицепремиер без ресор, кој ќе го надгледува апсорбирањето финансиски средства на ЕУ. Тие, исто така, разговарале за идните реформи во Министерството за внатрешни работи, кое неодамна го потресе корупциски скандал. (Tруд, Актуално, БГНЕС - 29/04/08; Ксинхуа, БТВ, Софиска новинска агенција - 28/04/08)