29/04/2008
АНКАРА, Турција -- Воениот суд во понеделникот (28-ми април) го ослободи водачот на најголемата прокурдска партија, кој се соочува со обвиненија за издавање лажен извештај за неговата здравствена состојба со цел да избегне служење на воен рок. Иако неговото судење продолжува, властите го зедоа Нуретин Демиртас (35) во касарната на околу 250 километри северно од Анкара во вторникот за да започне со воената обука. Од ноември тој ја води партијата Демократско општество, која има 20 места во парламентот и бара автономија за турскиот југоисток, кој е претежно курдска област. Демиртас помина години во затвор заради членството во Курдистанската работничка партија. (новинска агенција Анадолу, АП - 29/04/08; новинска агенција Анадолу, Хуријет, АП - 28/04)