29/04/2008
ЛУКСЕМБУРГ -- Хрватска работи на исполнување на критериумите потребни за отворање на сите преостанати поглавја од преговорите со ЕУ до крајот на јуни, рече министерот за надворешни работи и евроинтеграција, Гордан Јандроковиќ, во понеделникот (28-ми април). Тој присуствуваше на четвртиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација на ЕУ и Хрватска во Луксембург. Досега Хрватска отвори разговори за 18 поглавја и условно затвори две. Винсент Дегерт, шеф на делегацијата на ЕК во Хрватска, не го отфрли овој план, но рече дека Хрватска треба да се фокусира како на отворањето, така и на затворањето на поглавјата. (Вечерњи лист, ХИНА, Ксинхуа, СТА, ХРТ - 28/04/08)