29/04/2008
ХАГ, Холандија -- Судските процеси против поранешниот началник на српската безбедност Јовица Станишиќ и неговиот заменик Франко Симатовиќ започна во понеделникот (28-ми април) во Трибуналот на ОН во Хаг за воени злосторства. Станишиќ, еден од најблиските соработници на Слободан Милошевиќ, и Симатовиќ се соочуваат со обвиненија за убиство, принудна депортација и нехумани дејства. Тие, наводно, ги организирале и воделе тајните паравоени единици озлогласени по насилничката кампања на етничко чистење. Обвинителот Дермот Грум ги нарече „доброволци во централна група луѓе кои покажаа намера да отстранат огромно несрпско население со сила“.
Поради здравствената состојба на Станишиќ судењето имаше четири одложувања, но лекарите на крајот одлучија дека тој може да ги следи рочиштата преку видео од неговата ќелија. Станишиќ има тешка депресија и камења во бубрезите. Двајцата обвинети се изјаснија за невини. (РТРС, МТВ Хајат, Б92, Танјуг, Ројтерс - 28/04/08)