28/04/2008
СОФИЈА, Бугарија -- Трите партии во владејачката коалиција планираат да разговараат за структурните измени во владата за две недели, објави во петокот (25-ти април) владината канцеларија за врски со медиумите. Водачите на Бугарската социјалистичка партија, Движењето за правата и слободите, и Националното движење за стабилност и напредок ќе разговараат за втората фаза од реконструкцијата и другите реформи, најверојатно на ниво на агенцијата, откако парламентот ги одобри персоналните измени во владата минатата недела. Напорите имаат за цел намалување на неефикасноста на владата и корупцијата. (Сега, Дневник - 26/04/08; Дарик, бТВ, Медиапул - 25/04/08)