28/04/2008
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Премиерот Иво Санадер во саботата (26-ти април) беше реизбран за претседател на владејачката Хрватска демократска заедница по четврти пат по ред. Вицепремиерот Јадранка Косор исто така беше реизбрана за заменик-претседател. Со Санадер Хрватска ги започна преговорите за пристап во ЕУ и овој месец доби покана за членство во НАТО.
Во другите вести од саботата, околу 100 Словенци ја блокираа границата со Хрватска на преминот Плованија, во знак на протест поради планот на словенечката влада за решавање на спорот околу одбележувањето на границата со Хрватска со арбитража. Демонстрантите побараа итно враќање на спорната територија. (Вјесник, Вечерњи лист - 27/04/08; ХИНА, ХРT - 26/04/08)