28/04/2008
ХАГ, Холандија -- Поранешниот министер за култура, Астрит Харација, в понеделник (28-ми април) ќе отпатува во трибуналот на ОН во Хаг за воени злосторства, за да се соочи со обвиненијата за непочитување на судот. Тој ќе биде придружуван од неговиот соработник и поранешен главен уредник на весникот БотаСот, Бајруш Морина. Тие во петокот ги добија обвиненијата за наводен обид за заплашување на заштитен сведок за да се воздржи од сведочење против поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, кој беше ослободен од обвиненијата за воени злосторства претходно овој месец. (Експрес, Зери, КохаДиторе - 28/04/08)