Албанските обвинители го обвинија Медиу во врска со експлозиите во Гердец

28/04/2008

TИРАНА, Албанија -- Државниот обвинител Ина Рама го обвини поранешниот министер за одбрана, Фатмир Медиу, за злоупотреба на функцијата во врска со смртоносните експлозии на муниција во складиштето во Гердец на 15-ти март. Во изјавата за новинарите во саботата (26-ти април) Рама побара од парламентот да го укине имунитетот на Медиу. Тој поднесе оставка од функцијата министер за одбрана два дена по експлозијата во која загинаа 26 лица, а беа повредени 302. Бранејќи се себеси Медиу за новинарите изјави „Поднесувам оставка ... од морални причини, но нема никому да му дозволам да ја претвори мојата одлука во законска одговорност“. Различни воени функционери изјавија дека Медиу имал личен интерес во уништувањето на проектилите од претпријатијата со кои бил потпишан договор. (Шекули - 28/04/08; Aлсат, Топченал, Балканвеб, Коха Јоне, Шкип, Панорама -27/04/08)