28/04/2008
АНКАРА, Турција -- Директните разговори помеѓу водачите на заедниците на кипарските Грци и кипарските Турци -- кои треба да започнат во јуни -- најверојатно ќе бидат последна шанса за решавање на неколкудеценискиот кипарски проблем, рече во четвртокот вечер (24-ти април) водачот на кипарските Турци, Али Талат. Во говорот пред Центарот за евроазиски стратешки студии во Анкара, тој рече дека кипарските Турци и понатаму се оптимисти и ќе сторат сé што треба за да постигнат решение. „Откако ќе започнат преговорите на крајот од јуни, ќе биде тешко двете страни да станат и да ја напуштат преговарачката маса“, рече тој, ветувајќи дека кипарските Турци ќе продолжат да работат на повторното обединување на поделениот остров. (Сајпрус мејл, Филелефтерос - 26/04/08)