28/04/2008
АНКАРА, Турција -- Армијата во саботата (26-ти април) потврди дека нејзините воени авиони гаѓале цели на Курдистанската работничка партија (ПКК) во северен Ирак во петокот, втор ваков напад за една недела. Воени извори го опишуваат како најголема турска воздушна операција во северен Ирак оваа година. Армијата вели дека копнените битки продолжуваат, при што двајца војници загинале во битка во планинската покраина Сирнак. Нагазна мина таму уби уште еден војник и припадник на милицијата што го чува селото.
Во другите вести, Дениз Бајкал беше реизбран за водач на најголемата опозициска Републиканска народна партија во Турција, на партискиот конгрес во саботата. Бајкал (70) немаше противкандидат. (Ројтерс, Заман - 27/04/08; Tркиш прес, АФП, Ројтерс, РБК, АНКА, Агенција Анадолу - 26/04/08)