28/04/2008
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Министерот за надворешни работи, Свен Алкалај, заменик-министерот за одбрана Игор Чрнадак, и заменик-министерот за цивилни работи, Сенад Сепиќ, одбија да поднесат оставка во петокот (25-ти април) и покрај одлуката на Централната изборна комисија на БиХ (ЦИК) да им се забрани вршење јавни функции во следните четири години. ЦИК рече дека тројцата функционери имале судир на интереси бидејќи тие, или нивни блиски роднини, биле вклучени во претпријатијата што склучувале договори со државните институции. Алкалај на новинарите им рече дека смета оти тој став е политички мотивиран, бидејќи некои политички партии -- српските -- одамна започнаа кампања против него. ЦИК за првпат изрази загриженост за нив тројца уште за време на процесот на проверка на кандидатите претходно оваа година. (Независне новине, Дневни аваз - 26/04/08; Фена, РТРС - 25/04/08)