Тадиќ го прослави православен Велигден во Косово

28/04/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Српскиот претседател Борис Тадиќ во неделата (27-ми април) присуствуваше на литургијата за православен Велигден во манастирот Високи Дечани во западно Косово. Тадиќ му кажа на УНМИК дека неговата посета е приватна, макар што истата се случи само две недели пред српските избори на 11-ти мај. „Дојдов да прославам и да се сретнам со луѓето кои живеат под строга изолација и во тешки услови“, им рече Тадиќ на новинарите. Косовските водачи ја протолкуваа посетата на Тадиќ како политичка провокација. Премиерот Хашим Тачи рече дека Тадиќ направи историски чекор како „прв претседател на земја која ја посети независната и суверена држава Косово“.

Во другите вести, тројца косовски Срби во неделата беа ранети од рачна граната фрлена од автомобил во движење во селото Лепосавиќ во северно Косово. Косовските полициски сили рекоа дека сите три жртви, на возраст од 22 години, се во болница во Митровица. (Коха Диторе, Експрес, Зери - 28/04/08; РТК, Телеграфи, Танјуг, АП - 27/04/08)